• четврток, 25 април 2024

Акција за пошумување опожарени површини во Делчево

Акција за пошумување опожарени површини во Делчево

Делчево, 27 март 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ЈП Национални Шуми денеска (11.30) организира акција за пошумување и обнова на опожарена површина со пожарите од 2021 година на територија од општина Делчево. Збирно место за сите учесници од каде организирано ќе се упатат кон локацијата за пошумување е подружницата Голак Делчево во 11 часот.На локацијата предвидено е да се засадат садници од багрем и црн бор, произведени од расадникот на ЈП Национални шуми Дервишица во Делчево.

Согласно програмата за проширена репродукција на Министерството за годинава е предвидено пошумување површина од 51 хектар, каде ќе се засадат околу 102.000 садници.На настанот ќе бидат присутни Трајан Димковски државен советник во министерството, Саша Јовановиќ раководител на сектор шуамрство, Никица Бачовски директор на АФПЗРР, Валентин Грујовски директор на ЈП Национални Шуми. вс/лв/

фото МИА архива

Остани поврзан