• вторник, 12 ноември 2024

Началникот на полицијата на Капитол Хил си поднесе оставка

Началникот на полицијата на Капитол Хил си поднесе оставка
Вашингтон, 8 јануари 2021 (МИА) - Шефот на полицијата на Капитолот, Стивен Санд, заминува од фунцијата на 16 јануари откако службата беше остро критикувана за пропустите во обезбедувањето на Капитол по насилниот упад во Конгресот на екстремисти лојални на претседателот Доналд Трамп. Санд ја донел одлуката кратко време откако претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика да си поднесе оставка. - Господинот Санд дури и не се јави после овие случувањата, истакна Пелоси. Оставки на припадници на обезбедувањето на Конгресот побара и демократот Чак Шумер, лидер сенатското малцинство. Според Њујорк тајмс, и Синдикатот на полицијата на Капитол побарал оставка на раководството. Полицијата брои 2.300 службеници во униформа и цивили задолжени за безбедноста на Конгресот. Во средата, разулавена толпа од стотина демонстранти, привразници на Трамп, упадна во Капитолот и направи голема материјална штета, едно лице беше убиено. Тоа предизвика гнев меѓу членовите на Конгресот, кои бараат одговори зошто полицијата не била подготвена, додека на голем дел од оние кои упаднаа во собранието на САД, им беше дозволено непречено да заминат без да бидат уапсени. Синоќа беа поднесени и првите кривични пријав по немилите случувања во средата. Сојузни обвинители поднеле тужба против едно лице кое нападнало полицаец и против друго кое нелегално поседувало пиштол. На протестите учествуваа разни радикално-десничарски групи како „Горди момчиња“, “Три процентните“ или „Заштитници на заклетвата“, тие најчесто беа облечени во маскирна облека и.носеа боева опрема кака панцирни елеци, муниција и автоматски пушки. кб/ми/

Остани поврзан