• четврток, 25 јули 2024

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на Романија

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Ѓурчиновски во посета на вооружените сили на Романија
Скопје, 14 ноември 2022 (МИА) - Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до 18.11.2022 година, ќе престојува во официјална посета на вооружените сили (ВС) на Република Романија. Како што соопштија од Канцеларијата за односи со јавноста на ГШ на Армијата, покрај официјалната средба со началникот на Генералштабот на ВС на Романија, генерал Даниел Петреску, генералот Ѓурчиновски ќе учествува и на безбедносна конференција. За време на посетата, како што е најавено, тој ќе го обиколи и гарнизонот каде ќе бидат разместени нашите припадници во склоп на мултинационалните сили за зголемени активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA). цр/са/

Остани поврзан