• недела, 12 мај 2024

Националниот младински совет ја презентираше Студијата за социјалните претпријатија во земјава и платформата за млади претприемачи

Националниот младински совет ја презентираше Студијата за социјалните претпријатија во земјава и платформата за млади претприемачи
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - При консултација со младите во изминатите години, како еден од предизвиците што најчесто го посочуваа е младинското вработување. Анализите покажуваат дека стапката на младинската невработеност постојано расте, особено во период на пандемија и пост-пандемија, истакна Мариана Ангелова, генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија на денешната промоција на Основна студија за социјални претпријатија во Северна Македонија. Студијата е изработена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, преку која се изврши мапирање на социјалните претпријатија во Северна Македонија со посебен фокус на младите. - Решивме да бидеме креативни и активни и да се посветиме на решавањето на сите алатки што ни се на располагање. Дојдовме до овој проект, целите се да се поттикне младинската вработеност, да се поддржат младински социјални претпријатија или социјални претпријатија што вработуваат млади и да дадеме придонес кон развојот на социјално претприемништво. Веќе една година се имплементира овој проект, направена е анализа на состојбата, како и процена на капацитетите и потребите на постоечките социјални претпријатија, посочи Ангелова во своето обраќање. [caption id="attachment_1805489" align="alignnone" width="1030"] Регистар на социјални претпријатија[/caption] Марјан Ицоски и Олга Рајчиќ од Здружението за социјални иновации „АРНО“ ја презентираа Студијата за социјалните претпријатија, при што истакнаа дека идејата била да се направи мапирање на сите социјални претпријатија, но со посебен фокус на младите и тоа, како што посочија е пред сè првиот елемент на оваа студија. - Другиот елемент е самиот регистар на социјални претпријатија. Создадовме прв, јавно достапен регистар за социјалните претпријатија и ќе се менува во зависност од нивната фактичка состојба, вели Ицоски и додаде дека на Студијата работеле во период од мај до август оваа година. За време на промоцијата беше претставена и платформата за млади претприемачи, којашто ќе служи за идеи за воспоставување на социјални претпријатија во Северна Македонија, но и платформа каде ќе може да се прибира капитал за унапредување на услугите и продуктите на веќе постоечки социјални претпријатија. Беа претставени и десет грантистите кои ќе бидат поддржани преку проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, фокусирајќи се на нивните продукти и иновативни идеи кои ќе ги донесат на пазарот во Северна Македонија. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија и, како што посочија организаторите, се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, водејќи ги низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување. ки/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан