• сабота, 29 јуни 2024

Натпревар во уличен баскет во Кавадарци 

Натпревар во уличен баскет во Кавадарци 

Кавадарци, 28 мај 2023 (МИА) - Во склоп на денешната презентација на опремата што се користи при воената вежба ,,Брз одговор 23’’, што беше поставена на градскиот плоштад, во Кавадарци беше организиран и натпревар во уличен баскет, на кој присуствуваа претседателот на КФМ Перо Антиќ и Тодор Гечевски, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во натпреварот земаа учество осум екипи по три играчи, кои освен што играа, секако и се дружеа со сите коишто беа дел од овој настан. На најдобрите три групи им беа врачени дипломи и пехари и тоа трето место, освои екипата од Доброволното противпожарно друштво „Сашко Гешовски’’, второ место екипата од „Пробаскет" и прво место освои екипата од АРМ, соопштија од кабинетот на Јанчев, честитајќи им на сите учесници во натпреварот во уличен баскет. 

На сите што се натпреваруваа,  им беше врачена благодарница за учество. свд/вј/

 

Фото : Општина Кавадарци 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан