Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен
- Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %. Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња.
Скопје, 28 ноември 2025 (МИА) - Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од 2024, е зголемен за 3.7 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0.5 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 849 лица, а од нив 20 се починати доенчиња.
Природниот прираст е негативен и изнесува -418 , што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.са/
Фото: МИА