• петок, 22 ноември 2024

Насрала: Либанскиот фронт нема да престане да ги поддржува луѓето во Газа и на Западниот Брег

Насрала: Либанскиот фронт нема да престане да ги поддржува луѓето во Газа и на Западниот Брег

Бејрут, 19 септември 2024 (МИА) -  Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, попладнево го имаше првото појавување по дводневните експлозии низ Либан, во кое зборуваше за тоа како неговата милитантна група има намера да одговори.

„Во име на сите оние маченици, кои изгубија живот или беа повредени, во име на сите оние кои се бореа во име на Газа, им кажуваме на Нетанјаху и Галант, на непријателот, дека либанскиот фронт нема да заврши пред да заврши агресијата во Газа, рече Насрала, пренесе Би-Би-Си.

„Јасно велам, без оглед на последиците, без оглед на жртвите, без оглед на сценаријата, нема да престанеме да го поддржуваме отпорот во Газа и Западниот Брег и сите повредени на окупираните територии“, додаде тој.

Тој појасни дека нападите од изминатите два дена во Либан имале за цел да ја поткопаат инфраструктурата на неговото движење. Тој истакнува дека „израелскиот непријател“ ги планирал нападите со цел да предизвика поделби во Хезболах.

Насрала потврди дека највисоките функционери на Хезболах не го носеле моделот на пејџер што експлодирал.

„Нашата инфраструктура не е потресена“, рече тој, нагласувајќи дека наместо тоа „таа е силна, моќна, кохерентна и не може да биде потресена од таков напад“.

„Нека знае непријателот дека тоа што се случи не ја разниша нашата вера, решителност, подготвеност или инфраструктура. Напротив, тоа не направи порешителни, посилни и поцврсти. Ако целта на Израел беше да не одвои од она што се случува во Газа, не успеа. “, порача лидерот на Хезболах во првата реакција по дводневните експлозии на комуникациски уреди на повеќе локации низ Либан, во кои досега загинаа 37 лица, а 2.931 се повредени.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан