Наполи е подготвен да ја удвои платата на Кварацхелија според новиот договор
- Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ пишува дека Наполи е подготвен да му понуди подобри услови на својот играч од средниот ред Квичa Кварацхелија.
Неапол, 12 февруари 2023 (МИА) – Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ пишува дека Наполи е подготвен да му понуди подобри услови на својот играч од средниот ред Квичa Кварацхелија.
Раководството на калчолигашот е подготвено да ја удвои неговата плата - од 1,2 милиони евра на 2,5 милиони - со продолжување на договорот до 2028 година.
Актуелниот договор на 21-годишниот грузиски крилен напаѓач со наполитанскиот клуб е до 2027 година.
Кварацхелдија има оусм гола и девет асистенции на 17 натпревари. Тој е најдобар асистентво Серија А сезонава, а според системот гол + додавање е втор по соиграчот Виктор Осимен кој има 19. зс/