Наполи го продолжи договорот со својот прв голман за уште две години
- Наполи го објави продолжувањето на договорот со голманот Алекс Мерет. Новиот договор важи до летото 2027 година.
Неапол, 27 јуни 2025 (МИА) - Наполи го објави продолжувањето на договорот со голманот Алекс Мерет. Новиот договор важи до летото 2027 година.
Италијанецот игра за клубот од 2018 година.
Голманот досега има одиграно 212 натпревари за „неаполитанците“, од кои во 73 примил гол.
Како дел од клубот, Мерет двапати стана шампион на Италија и еднаш го освои Купот на Италија. дс
Фото: Принтскрин