• недела, 22 декември 2024

Наполи го исклучи Зиелински од составот за Лигата на шампионите

Наполи го исклучи Зиелински од составот за Лигата на шампионите

Неапол, 3 февруари 2024 (МИА) – Раководството на актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи, донесе одлука да го избрише од составот за Лигата на шампионите Пјотр Зиелински.

Полскиот фудбалер во текот на вчерашниот ден и официјално договори трансферот во Интер, соопшти „La Gazzetta dello Sport“.

Дваесет и деветгодишниот Зиелински ќе се приклучи на тимот на „Нероаѕурите“ како слободен играч во летото 2024 година, кога му истекува договорот со „наполитанците“.

Наполи во тековната сезона обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите, но Зиелински нема да учествува.

Оваа сезона фудбалерот од средниот ред на Наполи одигра 26 натпревари за клубот, постигна три гола и исто толку асистенции.

Во плејофот на ЛШ, Наполи ќе се соочи со Барселона на 21 февруари и на 3 март. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан