Напаѓачот на Болоња трансфер цел број 1 на Милан
- Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзи е главната трансфер цел на Милан

Милано, 25 март 2024 (МИА) - Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзи е главната трансфер цел на Милан.
Според новинарот Матео Морето, токму младиот Холанѓанец е на врвот на листата на посакувани засилувања на „росонерите“.
Зиркзи има импресивна сезона со тимот на Болоња и досега има 10 гола во Серија А, а неговата екипа се бори за пласман во Лигата на шампионите.
Договорот на напаѓачот е до 2026 година. Тој беше купен од Болоња за 8 милиони евра во 2022 година, но Баерн го задржа правото да го врати за 40 милиони евра.
Сепак, последниот збор ќе го има самиот фудбалер. дс
Фото: Принтскрин