• понеделник, 23 декември 2024

Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија

Нападната медицинска сестра во Струшката болница, кривична за напад на вработен во хирургија

Струга, 1 март 2024 (МИА) - Во Општата болница во Струга вчера била нападната медицинска сестра, сопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од истото село.

- Вчера во 17 часот и 50 минути во ОВР Струга е пријавено дека во објект во состав на Општата болница во Струга, А.Н. од струшкото село Велешта физички ја нападнал вработената Р.Н.(23) од Велешта. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

ОВР Струга, додаде Димоски, поднело кривична пријава против триесет и осум годишен стружанец поради спречување службено лице во вршење на службено дејствие.

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. На 16 овој месец пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен, информира Димоски. сс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан