• петок, 05 декември 2025

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми

Скопје, 18 ноември 2025 (МИА) - Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2025 година изнесува 139 342 метри кубни и во однос на третото тримесечје од 2024 година е намалено за 4,3 отсто. Како што информира Државниот завод за статистика, производството на огревно дрво е 107 866 метри кубни, а на трупци 28 946.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, а намалување кај повеќето шумски производи.

Во истиот период, продажбата на шумски сортименти изнесува 145 162 метри кубни што е зголемување за еден отсто. мч/са/

фото: МИА


 

 

 

Остани поврзан