• четврток, 18 јули 2024

Намален водостојот на Вардар кај Јегуновце

Намален водостојот на Вардар кај Јегуновце
Скопје, 30 март 2022 (МИА) – Водостоите на речиси сите реки во земјава се пониски од просечните за март и според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) единствено реката Бабуна на мерното место кај Богомила има за еден сантиметар повисоко ниво од просечното. Најголема разлика во споредба со вчера има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце каде е забележан пад на водостојот за 10 сантиметри. Пад од пет сантиметри има и реката Струмица на мерното место кај Ново Село. За разлика од нив, најголем пораст на нивото во однос на вчера има кај Црна Река на мерното место во Новаци каде има пораст од шест сантиметри. Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера. При тоа, нивото на Дојранското Езеро е за 2,84 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека водостоите на Преспанското и Охридското Езеро се пониски од просечните. Кај Охридското Езеро нивото е пониско за девет сантиметри, а кај Преспанското за 1,71 метар и е на два сантиметра над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). вј/лв/

Остани поврзан