Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
- Како што истакнуваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид, информираат вечерва од АМСМ.
Како што истакнуваат, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.
- Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ. бд/дма/
Фото: МИА архива