Над 200 британски компании прифатија четиридневна работна недела
- Повеќе од 200 британски компании трајно се префрлија на четиридневна работна недела без намалување на платите на вработените
Лондон, 27 јануари 2025 (МИА) – Повеќе од 200 британски компании трајно се префрлија на четиридневна работна недела без намалување на платите на вработените.
Помеѓу компаниите кои се согласија на четиридневна работна недела има маркетиншки агенции, ИТ фирми и консултантски друштва, кои заедно вработуваат над 5.000 луѓе.
- Петдневната работна недела е измислена пред 100 години и повеќе не е погодна за целта, изјави директорот на директор на кампањата на Фондацијата четиридневна недела, Џо Рајли.
Тој додаде дека стотици британски компании и еден локален совет покажаа дека четиридневната недела без намалување на платите може да биде добитна комбинација и за работниците и за работодавците.
- Со 50 проценти повеќе слободно време, четиридневната недела им дава на луѓето слобода да живеат посреќни и поисполнети животи, посочи Рајли. ми/
фото: ЕПА