• недела, 22 декември 2024

Над 20 млади автори на групна изложба „Млада уметност“ во МКЦ

Над 20 млади автори на групна изложба „Млада уметност“ во МКЦ

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) – Во галеријата на Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворена групната изложба „Млада уметност“, на која ќе бидат претставени над 20 млади автори.

Како што информираат од МКЦ, на изложбата ќе  учествуваат младите уметници Стефан Анчевски, Јоана Арсовска, Тамара Блажевска, Елена Гелева, Ивана Ивановска, Зафир Јованов, Методија Јованов, Павел Јовановски, Дурмиш Ќазаим, Ваџит Ќерими, Саре Ќерими, Давор Ќешкец, Ана Костовиќ, Петар Миљковиќ, Ивана Мојсовска, Сандра Нау, Доротеј Нешовски, Симона Новаковиќ, Ивона Петрова, Мартина Спасовска, Олимпија Камчева, Ана Тодоровска, Никола Тренов, Риџет Ферати и Димитар Чакар.

Дополнуваат дека изложбата потхранува дијалог меѓу уметници кои живеат и творат во ист социјално-културен предел.

- Со самото поставување на дела од разни автори во еден заеднички простор, изложбата „Млада уметност“ потхранува дијалог меѓу уметници кои живеат и творат во ист социјално-културен предел. Тој заеднички простор сега е плодно поле за размена на идеи, искуства, инспирации, за менторство и колаборација. Со тоа, Галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје станува динамично изложбено место каде индивидуалната креативност е потенцирана од колективната енергија на претставените дела, велат од МКЦ.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура и туризам. ар/мд/

Фото: МКЦ

Остани поврзан