• четврток, 26 декември 2024

Надојдените води од врнежите однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав, кривопаланечко

Надојдените води од врнежите однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав, кривопаланечко

Крива Паланка, 14 јуни 2023 (МИА) - Надојдените води од обилните врнежи од дожд што попладнево непрекинато врне во Крива Паланка и околината, однесоа дел од регионалниот пат од селото Огут кон село Нерав. Станува збор за пат кон планинското село Нерав оддалечено повеќе од дваесет километри од градот.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, вечерва излезе на терен со жителите на селото Огут, аедно со службите од ЈП Државни патишта -Македонија пат, согледувајќи ги состојбите.

-Проблемите на граѓаните се и наши, заеднички и затоа меѓу нив сум во секое време. За жал против природните сили, природните непогоди, не може ништо да се направи, но наша обврска е да се справуваме со последиците, со настанатите штети во најбрз можен рок. Крива Паланка деновиве е погодена од засилени дождови кои во рок од 48 часа бележат околу 55 литри на метар квадратен. Оваа водена маса предизвика појава на повеќе од десет свлечишта на територијата на општината за чиешто санирање се мобилизирани сите надлежни служби и одржан е состанок на општинскиот кризен штаб со изречни заклучоци, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Истакна дека дел од службите веќе работат на санирање на неколку локации, останатите свлечишта ќе се решаваат по создавање соодветни услови за тоа, бидејќи постои ризик од нивна поголема активност.ид/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан