• четврток, 21 ноември 2024

На денешен ден

На денешен ден
22 јануари 2021 (МИА) 1440.- Роден е големиот московски кнез Иван Трети Васиљевич, наречен Иван Велики, кој ја направил Русија многу моќна. По неговото доаѓање на власт, кон Русија припоил повеќе кнежества, вклучувајќи ги Твер, Ростов и Новгород, а во 1480 година ги ослободил од монголската власт. Настојувал да ја зајакне централната власт и во 1497 година го издал единствениот „Судбеник“ за цела Русија. Започнал со ѕидањето на московските кремљски палати кои и денес постојат. 1517.- Војската на турскиот султан Селим Први во битката кај Рајдани во близината на Каиро ги победила мемелучките сили и седум дена потоа влегла во Каиро, приклучувајќи го Египт кон Османлиското царство. 1561.- Роден е Франсис Бекон, француски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на модерниот материјализам. Познати се неговите дела "Органон", "Нова Атлантида", "Есеи". Умрел на 9 април 1626 година. 1666.- Умрел индискиот цар Шах Џехан од династијата Могул, познат како принцот Харам, кој најголемиот дел од своето владеење од 1628 до 1658 година, кога го заменил синот Аурангзеб, го посветил на изградбата на мавзолејот Таџ Махал во својата престолнина Агри во северна Индија. Прекрасното здание од бел мермер кое го ѕидале 20.000 работници од 1631 до 1653 година го подигнал во спомен на царицата Мумтаз Махал, а и самиот по смртта е погребен во него. Во 1648 година престолнината од Агра ја префрли во Делхи, каде го изградил новиот град Шахџеханабад. 1729.- Роден е Ефраим Готхолд Лесинг, германски поет, драмски писател, критичар и теоретичар на уметноста. Тој ги поставил темелите на модерната германска литература и естетика. Ги напишал трагедијата „Мис Сара Сампсон“, комедијата „Мина фон Барнхелм“, „Писма за најновата германска литература“ и други. Умрел на 15 февруари 1781 година. 1771.- Шпанија потпишала конвенција со Велика Британија за отстапување на Фолкландските острови во Атланскиот океан. По добивањето на независност во 1816 година Аргентина се стекнала со право на нив. Воената хунта на Аргентина во април 1982 година се обидела да ги окупира островите со распоредување на 10.000 војници. Два месеца подоцна британските трупи повторно го зазеле тој архипелаг поразувајќи ги Аргентицните. 1788.- Во Лондон е роден Џорџ Гордон Бајрон, англиски поет. Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи, кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам. Негови најголеми поетски дела се "Чајлд Харолд", "Каин", "Манфред" и "Дон Жуан". Умрел во грчкото гратче Мисолонги, на 19 април 1824 година. 1849.- Во Стокхолм е роден Јохан Аугуст Стриндберг, шведски писател. Истовремено бил и натуралистички психолог и фолклорист, историчар и мистик. Ги разбил старите драмски творби и е основоположник на современите струења. Најпознати му се драмите „Госпоѓа Јулија“, „Татко“, „Бракови“ и романите „На островите“, „Синот на слугинката“ и други. Умрел во Стокхолм, на 15 мај 1912 година. 1863.- Во делот на Полска, кој врз основа на одлуката на Виенскиот конгрес во 1814 и 1815 година бил приклучен кон Русија, избило востание под водство на „партијата на црвените“ на Јарослав Домбровски, но руските трупи го загушиле по неколку месеци. 1871.- Во Париз избиле демонстрации на работниците кои под водство на францускиот револуционер Луј Оргист Бланки прераснале во востание против власта, која се подготвувала за предавство на градот на пруските трупи. Власта го отфрлила барањето на востаниците да создадат комуна поради отпорот кон пруската војска и на побунетите им испратила два батаљона мобилна гарда која го задушила востанието. Владата потоа прогласила вонредна состојба и ги забранила сите собири, а министерот за надворешни работи Жил Фавр на 28 јануари во нејзино име потпишал капитуалција. 1875.- Роден е американскиот филмски режисер Дејвид Левелин Ворк Грифит, еден од најзначајните творци во ерата на немиот филм. Заслужен бил за повеќе фундаментални откритија во филмскиот израз, вклучуајќи го крупниот план, ритмичката природа на монтажа и креативната употреба на вештачко светло. Филмови: „Нетрпеливост“, „Бегство“, „Доме, слатки доме“, „Раѓањето на една нација“, „Срцето на светот“, „Големата љубов“, „Падот на Вавилон“, „Америка“ и други. 1901.- Умрела британската кралица Александрина Викторија. На престолот била од 1837 до 1901 година. Во текот на нејзиното владеење во Велика Британија е изведена индустриската револуција, капитализмот во стопанство нагло се развил, а британското кололнијално царство се проширило насекаде. Кога умрела една третина од површината на планетата се наоѓала во оваа или онаа форма под британски суверенитет. Периодот на нејзиното владеење во историјата е познат како период на најголемата моќ и углед на Англија кој најчесто се нарекува „викторијанска епоха“. 1905.- Во Петроград се одржале големи демонстрации на работниците кои барале подобрување на животните услови и признавање на политичките права. На тие барања царскиот режим одговорил со плотуни, па тој настан е наречен "Крвава недела". 1908.- Роден е рускиот теориски физичар Лав Давидович Ланда, еден од најголемите физичари во 20. век, татко на советската школа за теориска физика, добитник на Нобеловата награда за физика во 1962 година. Тој во 1962 година доживеа тешка сообраќајна несреќа, после која повеќепати бил прогласуван за клинички мртов. Сепак животот му бил спасен, но ниту најдобрите лекари не успеале да му ја повратат креативната способност. Заедно со рускиот теориски физичар Иљон Лифшиц го објавил капиталното дело во повеќе томови „Курс на теориската физика“. Останати дела: „Електропроводливост на металите“, „Теорија на полето“, „Квантна механика“, „Статистичка физика“. 1909.- Роден е бурманскиот дипломат У Тант, генерален секретар на Обединетите нации од 1962 до 1971 година. Во текот на мандатот тој се соочил со конгоанската, берлинската и кубанската криза, војната во Виетнам, Индија и Пакистан, како и со немирите на Блискиот Исток. 1924.- Ремзи Мекдоналд како прв лабуристички премиер на Велика Британија ја презел должноста од Стенли Болдвин. 1944.- Почнало сојузничкото распоредување кај Анци во Италија во Втората светска војна, со што германската одбрана се нашла во безизлесна ситуација, но со колебањето на американската команда на Германците им било овозможено да се прегрупираат и четири месеци кај Касино ги задржале сојузничките сили, нанесувајќи им големи загуби. 1960.- Во Синај е роден Мајкл Хатчинс, лидер на австралиската рок група "INXS". Умрел во Синај, на 22 ноември 1997 година. 1964.- Кенед Дејвид Каунда станал првиот претседател на влада во Северна Родезија (сегашна Замбија). 1973.- Умрел Линдон Берјнз Џонсон, претседател на САД. Тој ја продолжил виетнамската војна, која ја започнале неговите претходници и која завршила во 1975 година со понижувачки пораз на САД. Бил потпретседател од 1960 година за време на мандатот на Џон Кенеди. Кога бил убиен Кенеди во Далас во 1963 година, станал претседател, а останал до 1969 година по победата на изборите во 1964 година. 1978.- Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита била остварена "операцијата снабдување". По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж "Прогрес - 1" автоматски се споил со системот "Саљут - 6" - "Сојуз - 27". Ова летало однесло во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите. 1997.- Во Загреб умрел Ордан Петлески, македонски академски сликар. Роден бил во Прилеп на 24 август 1930 година. 2001.- Во селото Теарце, Тетовско, е извршен терористички напад врз полициската станица. Притоа загинал полицаецот Момир Стојановски (30), а тројца полицајци беа повредени. 2001.- Умрел Радослав Стојанов - Раде, солист, водач на виолончелистите на оркестарот на Операта на Македонскиот народен театар. Роден бил во 1949 година. 2004.- Вселенскиот патријарх Вартоломеј допатувал на Куба каде ја осветил првата црква изградена по револуцијата во 1958/1959 година. 2005.- Умрела мексиканската композиторка и текстописец Консуела Веласкес, автор на евергринот, баладата „Бесаме мучо“. 2007.- Умрел Абе Пјер, свештник кој целиот свој живот го посветил на помагање на бездомниците. „Човекот кој се одликуваше со добрини“ најголем дел од својот живот го помина помагајќи им на луѓето кои беа оставени на маргините на друштвото. Малку е познат надвор од Франција, но во земјата се смета за жив светец. Роден бил во богато семејство, а се одрекол од раскошниот живот за да им помага на другите. „Абе“ е традиционалниот назив на свештениците во Франција. Во текот на Втората светска војна работел во Движењето на отпорот изработувајќи им документи на луѓето кои бегале од нацистите. Синџирот прифатилиштата за бездомници кој тој го организирал во 1949 година е застапен во 41 земја. На изборот за „најголем Французин на сите врмиња“ го освоил третото место, по Шарл де Гол и Луј Пастер. 2015.- На 90-годишна возраст умрел кралот на Саудиска Арабија Абдула бин Абдулазис. За нов саудиски крал е именуван неговиот брат Салман. Полубратот на сега починатиот крал, Мукрин е новиот крунски принц и престолонаследник. Во Саудиска Арабија тој ќе остане запаметен како реформатор. ###

Остани поврзан