• петок, 03 мај 2024
На денешен ден
14 јули 2022 (МИА)   1789.- Граѓаните на Париз го освоиле злогласниот затвор Бастилја и ги ослободиле затворениците, со што почнала Француската буржоаска револуција. Старата феудална власт била укината и пред формалната одлука. - Национален празник на Франција. 1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од европските земји и од Америка бил отворен Првиот конгрес на Втората интернационала. Втората интернационала под официјално име „Меѓународно здружение на социјалистичките партии“, била основана на иницијатива на Енгелс. На основачкиот конгрес биле усвоени повеќе одлуки, меѓу кои и таа за прославата на Први мај, како Ден на меѓународната солидарност на работничката класа. 1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв Ножот, се одиграла најкрвавата борба против турското владеење по Илинденското востание. Група од 45 костурски востаници,одбивајќи ја наредбата за повлекување и под мошне тешки услови, прифатиле борба со многубројната турска војска, командувана од мајорот Енвер-беј. „Ножовци“ биле однапред решени на саможртвување. Сите 45-мина загинале со херојска смрт. Повеќето паднале при непријателските јуриши, а неколкумина од нив се самоубиле. Притоа, со аскерски плотун, турскиот мајор им оддал почит на мртвите македонски јунаци. 1918.- Во Упсала бил роден Ингмар Бергман, легендарен шведски тенисер и филмски режисер, сценарист и драмски писател. Умрел во својот дом на островот Шаро, Шведска, на 30 јули 2007 година. 1941.- Во Полска, во познатиот фашистички логор Аушвиц (полски назив:Освјенцим) пристигнал првиот транспорт од 728 Пољаци, а потоа и заточеници од другите земји. Германските нацисти во него ликвидирале околу 4.000.000 луѓе. Логорот бил ослободен на 27 јануари 1945 година. 1942.- Во своето родно село Русиново, Беровско, умрел Никола Петров-Русински, македонски социјалист и национален револуционер. Учесник бил во Илинденското востание, а оставил и неколку брошури необјавени спомени за својата политичка активност. Роден бил во 1875 година. 1944.- Во Струмица, во борба против фашистичката бугарската полиција, загинал Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. Роден бил во Струмица, во 1911 година. 1996.- Во Велес, на Градските гробишта, биле погребани останките на 53-те без пресуда стрелани угледни велешани во ноќта на 15 јануари 1945 година. 1998.- Во Скопје умрел Ненад Стојановски, македонски актер. Роден бил во 1952 година. 2000.- Судот во Мајами им наложил на најголемите американски производители на цигари, прогласувајќи ги за најодговорни за нарушување на здравјето на пушачите во американската држава Флорида, да платат казна од 145 милијарди долари. 2008.- Во Париз, на вториот ден од основачкиот собир на Унијата на медитеранските земји била усвоена Основачката декларација на Медитернаската унија, во присуство на претставници на 43 земји. Освен сите членки на Европската унија, присуни биле и претставници на други средоземни држави. 2008.- Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг покренало обвинение против претседателот на Судан, Омар Хасан ал Базир, наводно поради геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства сторени во Дарфур.   ###

Остани поврзан