• петок, 26 април 2024

Надал: Сè уште не можам да потврдам дека ќе играм во Барселона

Надал: Сè уште не можам да потврдам дека ќе играм во Барселона

Барселона, 11 април 2024 (МИА) – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сè уште не одлучил дали ќе игра на турнирот во Барселона.

- Поздрав од Барселона. Прв тренинг... Среќен сум што сум тука во деновите пред почетокот на турнирот. Дојдов да видам како ќе оди се... И сакам да се обидам да играм. Ќе ве информирам. Важно е да кажам дека уште не можам да потврдам дека ќе играм, но се надевам дека ќе настапам. Ајде да видиме - напиша 12-кратниот шампион на турнирот.

Турнирот во каталонската престолнина ќе се одржи од 15 до 21 април.

Претходно, Надал се повлече од Мастерсот во Монте Карло поради проблеми со грбот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан