Германско финале во ракометната Лига на шампиони
- Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.

Келн, 14 јуни 2025 (МИА) – Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.
Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.
Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34:24.
Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31:30.
Финалето ќе се игра утре со почеток во 18 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место. зс/
Фото: ЕПА