• недела, 24 ноември 2024

Надал без медал го заврши настапот на Олимписките игри

Надал без медал го заврши настапот на Олимписките игри

 

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Шпанецот Рафаел Надал го заврши настапот на Олимписките игри во Париз откако вечерва заедно со сонародникот Карлос Алкараз претрпеа пораз во четвртфиналето во машки двојки од американските тенисери Остин Крајчек и Раџив Рам.

Американската двојка се пласираше во полуфиналето со победа од 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

Дуелот на централниот терен „Филип Шатрие“ траеше еден час и 39 минути.

Крајчек и Рам за противници во полуфиналето ќе ја имаат чешката двојка Томас Мацхач и Адам Павлашек.

Надал во поединечна конкуренција беше елиминиран во второто коло од Србинот Новак Ѓоковиќ, додека Алкараз во утрешното четвртфинале ќе игра против американскиот тенисер Томи Пол. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан