• понеделник, 23 декември 2024

Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија

Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија

Белград, 14 јули 2023 (МИА)- Актерот Никола Ристановски од Северна Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ кој се отвара утре, јави дописникот на МИА од Белград.

Покрај Риставновски, наградата „Александар Лифка“ ја добиваат и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата странски дела.

На фестивалот, покрај главната селекција и натпреварувачката селекција, ќе бидат прикажани филмови и во неколку други селекции, а земја во фокусот е Северна Македонија со шест филмови: „Чисто човечки“ на Игор Иванов, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска, „Исцелител“ на Ѓорѓе Ставрески, „Мими“ на Даријан Пејовски, „Снежана на крајот мора да умре“ од Кристијан Ристески и „Сестри“ од Дина Дума. Филмовите ќе се прикажат во временскиот перод од 16 до 21 јули, а програмата се реализира во соработка со Агенцијата за филм на Северна Македонија.

Европскиот филмски фестивал Палиќ е моментално еден од најважните настани во Србија, меѓу најважните филмски фестивали во регионот и еден од ретките во светот со 100-процентна европска содржина. Фестивалот има за цел да ги претстави најквалитетните достигнувања на современата европска кинематографија и да ја негува традицијата на авторскиот и уметничкиот филм за да придонесе за културниот живот на целиот регион. На овогодинешното издание на фестивалот се очекуваат над 150 филмски професионалци од Србија и странство. об/вг/

Фото: постер

Остани поврзан