• петок, 22 ноември 2024

Нагелсман по поразот од Бохум: Многу лошо прво полувреме, планот не функционираше, затоа нема да го критикувам тимот

Нагелсман по поразот од Бохум: Многу лошо прво полувреме, планот не функционираше, затоа нема да го критикувам тимот
Бохум, 12 февруари 2022 (МИА) - Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман даде свое видување за денешниот пораз од Бохум во 22. коло од Бундеслигата (2:4). - Честитки за Бохум, тие заслужија да победат денеска. Имавме многу лошо прво полувреме. Имавме план и не функционираше, затоа нема да го критикувам тимот. Требаше побрзо да реагирам и да направам замени. Второто полувреме беше подобро, но веќе беше доцна. /Во вториот дел одигравме подобро, освен првите неколку минути, кога за малку ќе ја испуштивме петтата. Да постигневме гол порано, ќе беше поинтересно. Замените ги направив предоцна. На крајот на краиштата, тоа беше заслужена победа за Бохум, рече Нагелсман. И покрај овој пораз Баерн е убедлив лидер на табелата во Бундеслигата со 52 бода. зс/

Остани поврзан