• петок, 05 декември 2025

Стартна победа за Ѓорческа на Челинџерот во Рим

Стартна победа за Ѓорческа на Челинџерот во Рим

Рим, 14.јули 2025 (МИА) - Македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше убедлив старт на Челинџер турнирот во Рим 125 што се игра за награден фонд од 100.000 евра. Таа вечерва во првото коло ја совлада Лаура Пигоси од Бразил со 2:0 во сетови (6:1 и 6:1) за 87 минути игра.

Македонската тенисерка во првиот сет имаше одличен почеток и поведе со 4:0 во гемови, а потоа ривалката освои еден гем, за Ѓорческа да го освои сетот со 6:1 и да поведе со 1:0. Во вториот сет по 1:1 во гемови Ѓорческа направи серија од пет гема стигна уште еднаш до 6:1 во гемови и 2:0 во сетови.

Македонската тенисерка во второто коло ќе игра со победничката од мечот меѓу Доминика Салкова (6.носителка, Чешка) и Петра Марчинко (Хрватска).  мн/

Фото: МИА

Остани поврзан