• понеделник, 23 декември 2024

Навивачот кој падна од трибините на „Вембли“ е во критична состојба

Навивачот кој падна од трибините на „Вембли“ е во критична состојба
Лондон, 14 јуни 2021 (МИА) - На вчерашниот натпревар на ЕВРО 2020 помеѓу Англија и Хрватска (1:0), се случи инцидент. Набргу по почетокот на мечот, еден навивач падна од трибините на стадионот „Вембли“, каде се одвиваше натпреварот. Сега тој е во болница, неговата состојба се проценува како многу сериозна. - Можеме да потврдиме дека гледачот кој падна од трибините веднаш по почетниот свиреж на мечот Англија – Хрватска, доби медицинска помош на самото место, а потоа беше пренесен во болница во критична состојба. Ќе работиме со УЕФА за да осигуриме дека оваа ситуација е темелно испитана. Ние продолжуваме да ги следиме случувањата, изјави портпаролот на стадионот„ Вембли“. На натпреварот Англија – Хрватска присуствуваа 18.497 навивачи. Ова е прв натпревар на „Вембли“ од ноември 2019 година со публика на трибините. зс/

Остани поврзан