• понеделник, 08 јули 2024

Навивачите на Ливерпул го избраа Салах за фудбалер на сезоната

Навивачите на Ливерпул го избраа Салах за фудбалер на сезоната


Ливерпул, 7 јуни 2024 (МИА) – Мохамед Салах беше избран за најдобар фудбалер на Ливерпул за сезоната 2023-2024.
Египќанецот доби мнозинство од гласовите на навивачите, пред Вирџил ван Дијк и Алексис Мекалистер, кои завршија на второто и третото место.
За 31-годишниот Салах ова е четврта награда во вкупно седум години колку што го носи дресот на Ливерпул.
Минатата сезона египетскиот репрезентативец одигра 44 натпревари за Ливерпул во сите конкуренции и постигна 25 голови, а додаде и 13 асистенции. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан