• четврток, 25 јули 2024

Навивачите на АЕК се збогуваат со нивниот Михалис (Фото)

Навивачите на АЕК се збогуваат со нивниот Михалис (Фото)

Атина,  8 август 2023 (МИА) - Неа филаделфија, населбата во северниот дел на Атина, онаму каде што чука срцето на фудбалскиот клуб АЕК, денеска, исто како и цела Грција, е во неверување по убиството на 29-годшниот Михалис или Мајк како што го нарекуваат неговите пријатели-навивачи, јави дописничката на МИА од Атина. 

Што точно се случуваше синоќа пред полноќ пред стадионот на АЕК, како дојде до инцидентот меѓу навивачите на домашниот и гостинскиот тим Динамо Загреб, иако УЕФА забрани тие да пристигнат во Атина,  но и зошто наврмено не беа спречени сериозните инциденти, никој не знае со сигурност да одговори. 

Дописничката на МИА ја посети населбата и делот околу стадионот, а малата материјална штета, но и капките крв сведочат за синоќешните инциденти во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 уапсени меѓу кои мнозинството се хрватски државјани. 

Навивачот на АЕК, според очевидците бил прободен пред стадионот и пренесен до главната улица, пред трафика каде што најверојатно им подлегнал на повредите и со возило на брза помош бил пренесен во болница. 

Токму пред трафиката, навивачи на АЕК оставаат свеќи и дресови во спомен на убиениот Михалис, но го испратија и со жолто-црно пано, во боите на тимот, преку кое му порачаа дека засекогаш ќе остане АЕК. 

Припадници на полицијата и утрово собираат докази, додека пак цистерни од општината ги чистат последните капките крв останати на тротоарот по свирепото убиство.

- Хаос беше, не знаеме ни ние што точно се случи. Се тепаа од сите страни, вели повозрасен Грк. 

Вработен во едно од локалните кафулиња коментира дека уште во попладневните часови вчера имало шпекулации дека навивачит на Динамо ќе дојдат пред стадионот.

Материјална штета претрпеа околните кафулиња, но вработените за МИА истануваат дека сепак тоа е нешто што се санира и додаваат дека она што е трагично е загубениот млад живот. 

Натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите АЕК - Динамо Загреб што требаше да се одигра вечерва е одложен.

Сања Ристовска

Фото:МИА

Остани поврзан