• петок, 22 ноември 2024

Навас: Во Реал имав чувство дека не веруваат целосно во мене, во ПСЖ е поинаку

Навас: Во Реал имав чувство дека не веруваат целосно во мене, во ПСЖ е поинаку
Париз, 3 март 2021 (МИА) - Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас се осврна на периодот кога настапуваше за Реал Мадрид. - Во Шпанија имав чувство дека дел од клубот не веруваа целосно во мене. Кога дојдов во Реал Мадрид, не се обидував да докажам дека сум подобар од Касиљас, дека мојата кариера ќе биде поуспешна од неговата. Само што се обидов да ја искористам можноста што ми беше дадена, вредно и понизно обидувајќи се да дадам се од себе. Во Париз не е така. Овде имам поддршка од сите. Јас секогаш ќе бидам вечно благодарен на навивачите на Реал Мадрид за нивната безрезервна поддршка и за тоа како ме поддржуваат денес, и покрај фактот што го сменив тимот. Моите соиграчи во Реал Мадрид отсекогаш веруваа во мене. Работите се малку поинакви во ПСЖ. Секој верува во мене, и јас се обидувам да ја оправдам довербата на секој натпревар, истакна Навас. Тој беше дел од Реал Мадрид од 2014 до 2019 година. Во тој период стана шампион на Шпанија и трипати ја освои Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан