• вторник, 24 декември 2024

Набавени нови 150 тезги за зелениот пазар во Крива Паланка

Набавени нови 150 тезги за зелениот пазар во Крива Паланка
Крива Паланка, 7 мај 2020 (МИА) – Нови 120 метални и 30 подвижни дрвени тезги се набавени за постојниот зелен пазар во Крива Паланка, со што комплетно се менува ликот на пазарот на кој покрај земјоделците од оваа општина своите производи ги пласираат и жителите од соседните општини и државата. -Општина Крива Паланка започна да го реализара проектот за модернизација на градскиот зелен пазар, каде деновиве интензивно се работи на поставувања на 120 покриени метални тезги, 30 подвижни дрвени тезги, како и 20 витрини со ладилник. Овој проект општината го реализира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, и вкупната вредност на истиот е речиси седум милиони, од кои 50 отсто од вредноста се обезбедени директно од општинскиот буџет, информира службата за комуникација со јавност на Општината. Оттаму посочија дека со реализацијата на проектот значително ќе се подобрат условите за стандардизиран и современ начин на чување и изложување на земјоделските производи, нивно складирање и продажба, како и квалитетни услови за работа на закупците, како и услугата кон крајните корисници, граѓаните. Со градскиот зелен пазар во Крива Паланка стопанисува Јавното претпријатие „Комуналец“ од градот.ид/бт/

Остани поврзан