• среда, 24 јули 2024

Муцунски во Австрија на средба со министерот за надворешни работи Шаленберг

Муцунски во Австрија на средба со министерот за надворешни работи Шаленберг

Скопје, 24 јули 2024 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ќе престојува во работна посета на Австрија, каде ќе оствари билатерална средба со министерот за европски и надворешни работи, Александар Шаленберг.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, ќе бидат разгледани можностите за унапредување на билатералните односи, со посебен фокус на економската соработка и бизнис релациите.

Воедно, ќе стане збор и за нашиот процес за интегрирање во Европската унија.

За време на посетата, Муцунски ќе се сретне и со претставници од нашата дијаспора во Австрија. дма/мд/

Фото: МНР

Остани поврзан