Мурињо го сака Даер во Рома
- Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Mirror“.
![Мурињо го сака Даер во Рома](https://mia.mk/images/20230930185522_big_730x400_81.webp )
Лондон, 30 септември 2023 (МИА) - Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Mirror“.
Според британскиот медиум, Рома го „брка“ 29-годишниот Англичанец. Тренерот на римскиот клуб, Жозе Мурињо сака да го види играчот во својот тим. Мурињо и Даер претходно работеа заедно во Тотенхем.
Минатата сезона Даер одигра 42 натпревари, постигнувајќи два гола и една асистенција. зс/
Фото: ЕПА