Мурињо:Ренџерс да не претерува со славењето, нè чека реванш
- Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ги предупреди навивачите и фудбалерите на Глазгов Ренџерс да не слават предолго по синоќешната победа од 3-1 над неговиот тим во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.

Истанбул, 7 март 2025 (МИА) – Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо ги предупреди навивачите и фудбалерите на Глазгов Ренџерс да не слават предолго по синоќешната победа од 3-1 над неговиот тим во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа.
Мурињо рече дека не е задоволен од играта на неговите играчи, но е среќен што Фенербахче загуби само со два гола разлика.
„Не е фер да се каже дека бевме трагични во одбраната. Бевме само трагични на секој дел од теренот. Можеби мислите дека сум луд, но за мене овој резултат не е лош бидејќи можевме да загубиме со повеќе. Но ништо не е готово. Има уште 90 или 120 минути“, рече Мурињо.
Реваншот во главниот град на Шкотска е закажан за 13 март.
„Само сакам да му порачам на Ренџерс да не претерува со прославите бидејќи има втор натпревар. Ништо повеќе“, додаде португалскиот тренер. ег
ФОТО: ЕПА