• петок, 22 ноември 2024

Мурати: Косово има најнизок државен долг во Европа

Мурати: Косово има најнизок државен долг во Европа

Приштина, 6 август 2023 (МИА) – Косовскиот министер за финансии, Хекуран Мурати тврди дека Косово е држава со најниско ниво на државен долг во Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мурати на неговата страница на Фејсбук напиша дека „благодарение на фискалната дисциплина и доброто менаџирање со јавните пари, постигнато е да се промени трендот на државниот долг, враќајќи го истиот на претпандемиското ниво“.

-Таквата консолидација е високо вреднувана и од меѓународните институции. Оваа консолидација во прв ред ги држи под контрола каматите, затоа што колку што е помал долгот, толку помалку се плаќаат камати и второ, ни овозможува поповолни финансиски услови за новите задолжувања споредено со другите, бидејќи покажавме стабилност и добро трошење на јавните пари, вели Мурати. иа/мс/

фото: МИА

Остани поврзан