Мултикултурен фолк концерт „Играме со срце и душа – Единствено преку традиција“
- Средношколци од Тетово кои се волонтери во Проектот за хумани вредности (ПХВ) при општинската организација на Црвен крст за вечерва организираат мултикултурен фолк концерт со цел да се соберат средства за хуманитарни цели. Концертот ќе се одржи со почеток во 19 часот во Музеј на тетовски крај (поранешен Дом на АРМ).
Тетово, 15 мај 2025 (МИА) - Средношколци од Тетово кои се волонтери во Проектот за хумани вредности (ПХВ) при општинската организација на Црвен крст за вечерва организираат мултикултурен фолк концерт со цел да се соберат средства за хуманитарни цели. Концертот ќе се одржи со почеток во 19 часот во Музеј на тетовски крај (поранешен Дом на АРМ).
-Вечер исполнета со ритам, боја и традиција, каде што различни култури ќе се спојат на едно место, преку музика игра и меѓусебна почит. На сцената ќе настапат фолклорни друштва кои ја претставуваат културната разноликост на нашето општество КУД „Брвеница“, КУД „Џеладин Зеќири“, КУД „Јени Хајат“, КУД „Бранко Чајка“, повикуваат волонтерите и нивниот ментор Маја С. Антовски.
Влезот е слободен, а ќе има поставена кутија за собирање донации.aс/са/
Фото: Црвен крст Тетово