• среда, 05 март 2025

Мулино: Трамп лажеше кога рече дека САД повторно ќе го заземат Панамскиот канал

Мулино: Трамп лажеше кога рече дека САД повторно ќе го заземат Панамскиот канал

Панама Сити, 5 март 2025 (МИА) - Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лажел кога рекол дека САД повторно ќе го заземат Панамскиот канал.

Трамп пред американскиот Конгрес рече дека неговата администрација планира „да го врати Панамскиот канал и веќе почна да го прави тоа“.

Панамскиот канал го изградија САД на почетокот на 20 век, но во 1999 година и беше отстапен на Панама. Во меѓувреме, американската компанија Блек Рок (Black Rock) се согласи да купи две пристаништа на двата краја на Панамскиот канал од фирмата Си-Кеј Хачисон (CK Hutchison) со седиште во Хонг Конг.

Според договорот објавен денеска, Блек Рок и конзорциум од други инвеститори ќе потрошат 22,8 милијарди долари за купување на пристаништата Балбоа и Кристобал на влезот и излезот од Панамскиот канал. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан