Музеј на тетовски крај: Работиме на локалната историја, никогаш и никој не бил изоставен
- Национална установа Музеј на тетовски крај-Тетово работи на проучување на родокрајната (локалната) историја и во ниеден сегмент, ама баш никогаш и никој не бил изоставен, без разлика дали бил Мурат Бафтијари или Тодор Циповски-Мерџан. Во музејот нема простор за политикантство и провокации однадвор, музејот на ова ќе одговори со мудрост како што личи на една национална институција, којашто почива врз принципот на независност и врз начелото дека историјата не познава каква било етничка припадност туку се темели на достигнувањата, се вели во соопштението.
Тетово, 27 декември 2024 (МИА) - Националната установа Музеј на тетовски крај-Тетово децениски работи како стожер на обединување и градење на заедничка иднина и затоа упатуваме сугестија да се престане со егоистични и националистички калкулации, порачуваат преку соопштение од музејот, по критиките од здружението „Хута“ - Тетово дека таму нема правична застапеност во вработувањата.
- Национална установа Музеј на тетовски крај-Тетово работи на проучување на родокрајната (локалната) историја и во ниеден сегмент, ама баш никогаш и никој не бил изоставен, без разлика дали бил Мурат Бафтијари или Тодор Циповски-Мерџан. Во музејот нема простор за политикантство и провокации однадвор, музејот на ова ќе одговори со мудрост како што личи на една национална институција, којашто почива врз принципот на независност и врз начелото дека историјата не познава каква било етничка припадност туку се темели на достигнувањата, се вели во соопштението.
Од музејот потенцираат дека таму се вработени етнички Албанци, а главниот проблем повеќе години наназад е недостигот на стручен кадар.
- Во музејот моментално работаат 6 етнички Албанци, а нови вработувања на стручни кадри нема веќе 15 години и со заминувањето на нашата ценета колешка, Љуљета Абази и останатите колеги во пензија се отвори сериозна потреба за нови вработувања. Новата влада веќе работи на решавање на овој децениски проблем, каде акцентот е ставен на стручност, а не на етничка припадност, се вели во соопштението на Музеј на тетовски крај.
Претставници на здружението „Хута“ во своето обраќање преку дел од медиумите посочуваат дека градот Тетово е град со мнозинско албанско население, а Музејот има дефицит од албански професионалци како историчар, етнолог и археолог. ас/аа/
Фото: МИА