• сабота, 27 јули 2024

МТСП: 3.200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати

МТСП: 3.200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати

27 февруари 2024

Денеска конечно заврши на одисејата која ја имаа 3.200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати.

Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот.  На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ,  Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати. 

Изминатава беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор.

Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма. 

Министерство за труд и социјална политика

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан