• вторник, 14 мај 2024

МПС упати честитки до припадниците на полицијата за чувањето на безбедноста на денот на раѓањето на Гоце Делчев

МПС упати честитки до припадниците на полицијата за чувањето на безбедноста на денот на раѓањето на Гоце Делчев

Скопје, 5 февруари 2023 (МИА) - Македонскиот полициски синдикат упати честитки до сите припадници на полицијата за професионалноста при чувањето на безбедноста на граѓаните и државата при вчерашното чествување на денот на раѓањето на Гоце Делчев.

- Во име на раководството и на бројното членство на МПС упатуваме честитки до сите припадници на полицијата кои вчера, за време на чествувањето на денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата и беа на висина на своите задачи со што овозможија достојна реализација на планираните оперативни активности, стои во соопштението од МПС.

Оттаму дополнуваат дека полициските активности вчера биле само финалната фаза, на која ѝ претходеле детални и активни подолготрајни подготовки и неколкудневна работа на терен. 

- Припадниците на полицијата од различни единици и служби, под раководство на Командно-оперативниот центар, покажаа како се функционира во еден здив, како се чува достоинството на државата и на професијата, што значи да си сервис на граѓаните, велат од МПС. ар/ев/

Остани поврзан