• среда, 26 јуни 2024

Моќниот ураган од трета категорија, Идалија, го погоди западниот брег на Флорида

Моќниот ураган од трета категорија, Идалија, го погоди западниот брег на Флорида

Орландо, 30 август 2023 (МИА) - Ураганот Идалија ја погоди денеска Флорида како „исклучително опасен“, од трета категорија, откако милиони луѓе беа евакуирани или затворени во домови и засолништа во очекување на поплави опасни по живот.

Засилувајќи се над топлите води на Мексиканскиот Залив, Идалија го погоди северозападниот брег на таа сојузна држава со разорни ветрови и поројни врнежи од дожд што можат да предизвикаат поплавен бран висок до пет метри.

Идалија го погоди копното во 7 часот наутро во Китон Бич, крајбрежна заедница од 13 илјади жители на околу 120 километри југоисточно од главниот град Талахаси.

На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа пороен дожд и паднати столбови за струја.

-Ураганот Идалија зајакна до категорија четири од максимални пет, пред да ослабне до категорија 3 наутро со ветрови од 201 километар на час, објави Националниот центар за урагани во Мајами. Секоја бура што ќе достигне категорија три се смета за опасен ураган.

Повеќето од 21 милион жители на Флорида и соседните Џорџија и Јужна Каролина се под тревога, а во сите три држави е воведена вонредна состојба. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан