Мојсоска:Сиљаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките
- Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.
Скопје, 25 декември 2024
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја повика претседателката Гордана Силјаноска Давкова да не го потпишува указот на законските измени со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките.
,,Дали почитуваната претседателка Силјановска ќе го потпише указот за измените на Законот за заштита на децата - кои беа донесени шверцерски, со кршење на Деловник, преку ненадлежна собраниска комисија?"
Мојсоска во објавата потенцира дека со измените на Законот за заштита на децата за прв пат се воведуваат двојазични лиценци во градинките, врз основа на неуставен закон за двојазичност со кој се крши унитарноста на Републиката. Пратеничката од Левица дополнува дека унитарноста е спротивна на паралелните иституции кои се градат со вакви дезинтеграциски закони.
,,За претседателката Силјановска, како истакнат професор по уставно право, треба да е доволно што овие двојазични лиценци се донесени со брутално кршење на процедурата и усвоени на собраниската Комисија за енергетика, наместо на собраниската Комисија за социјална политика. Односно, и лаик во право знае дека измени на закон за лиценци за градинки не се носат на собраниска комисија за енергетика.
Дали професорката по уставно право ќе се одважи да не го потпише указот во име на владеењето на правото и заштитата на Уставот како највисок правен акт?" - пишува Мојсоска од Левица.
Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.