• четврток, 02 јануари 2025

„Моја инспирација“ проект на етнологот Наде Геневска Брачиќ

„Моја инспирација“ проект на етнологот Наде Геневска Брачиќ

Битола, 28 октомври 2024 (МИА) - Со предавање на Благој Мицески, театарски режисер и костимограф, со богато професионално портфолио, денеска во Битола почнува реализацијата на проектот „Моја инспирација“ чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, етнолог, кустос советник во НУ Завод и Музеј-Битола.

-Оваа година проектот ја има подтемата „Музејската колекција на костими и текстил инспирација во визуелната уметност, современиот дизајн и костимографија", изјави за МИА, Геневска Брачиќ. 

Според неа, со вечершното предавање кое е второ по ред оваа година, во реализација на проектот и со организирани работилници, се заокружува десетгодишната работа во проектот каде како целна група учествуваа средношколци од гимназиите во Битола.

-Во најава ќе претставиме нов проект во развој „Албум на текстил" што ќе се реализира во соработка со колешката  Сандра Котевска, кустос на современа уметност, во НУ Завод и музеј Битола, истакна Геневска Брачиќ.

Според програмата, во наредните денови ќе се одржат работилници за визуелна уметност и за везење во кои учествуваат ученици од средното училиште „Таки Даскалот“ во Битола. мт/сст/

 

Фото: МИА

Остани поврзан