• сабота, 21 декември 2024

Мохаџерани: Израел да не ја преминува границата на дозволеното

Мохаџерани: Израел да не ја преминува границата на дозволеното

Техеран, 7 октомври 2024 (МИА) – Портпаролката на иранската Влада, Фатамех Мохаџерани денеска изјави оти Иран нема да прави компромиси со националните интереси и го предупреди Израел да на ја преминува границата на дозволеното.

Таа истакна дека операцијата „Вистинско ветување“ била спроведена со одобрение на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Иран на 1 октомври одговори на израелскиот атентат на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија, на генералниот секретар на Хезболах, Саид Хасан Насрала и генералот на Иранската револуционерна гарда Абас Нилфорушан, со истрелување 200 балистички проектили врз воените и разузнавачките бази во Израел.

Претседателот Пезешкијан изјави дека Иран сигурно посилно ќе одговори доколку возврати Израел. ми/

фото: Икс

Остани поврзан