• петок, 05 декември 2025

Мостот на поезијата во Струга ќе биде затворен за сообраќај утре и в недела 

Мостот на поезијата во Струга ќе биде затворен за сообраќај утре и в недела 

Струга, 22 август 2025 (МИА) - Поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата утре и в недела ќе биде затворена за сообраќај дел од улицата „Партизанска“ во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, затворен за сообраќај ќе биде Мостот на поезијата од 15 часот в сабота до недела на полноќ.

Традиционално, Струшките вечери на поезијата завршуваат в недела со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“. сс/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан