• понеделник, 15 јули 2024

Москва: Две жртви во украински напад во Белгород

Москва: Две жртви во украински напад во Белгород

Москва, 18 март 2024 (МИА) – Две лица загинаа во руската област Белгород во близина на украинската граница во украинска воена акција, соопшти регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Селото Николское било директно погодено, при што биле повредени четири лица.

Регионот беше нападнат за време на претседателските избори од руски единици кои се против Кремљ.

Во текот на изминатата недела, во регионот загинаа 11 лица, а над 80 беа повредени.

Рускиот претседател Владимир Путин не ја отфрли можноста руските војници да заземат тампон зона во украинскиот регион Харков за да спречат идни напади. јт/

Остани поврзан