• четврток, 04 декември 2025

Москва воздржана за рокот на Трамп од 50 дена: Путин ќе реагира кога ќе смета дека е време

Москва воздржана за рокот на Трамп од 50 дена: Путин ќе реагира кога ќе смета дека е време

Москва, 17 јули 2025 (MИА) – Кремљ и натаму ги анализира изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со можноста за воведување секундарни царини кон земји што купуваат руски стоки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Досега, Кремљ ладно реагираше на заканите на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин во врска со Украина, велејќи дека одлуките донесени од американскиот лидер и воениот сојуз на НАТО ќе бидат протолкувани од Киев како сигнал за продолжување на војната.

Во понеделникот, за време на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, Трамп најави испорака на оружје за Украина и ѝ даде на Москва рок од 50 дена за постигнување примирје, во спротивно ќе се соочи со санкции и царини во износ од околу 100 проценти.

Путин досега јавно не ги коментирал изјавите на Трамп. Песков денеска повтори дека Путин ќе даде изјава кога и ако смета дека тоа е неопходно. ссм/

фото: архива

Остани поврзан