Мората: Разговорот со Симеоне направи да се чувствувам важен, ова ми беше потребно
- Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората ги оцени своите настапи на стартот од сезоната.
Мадрид, 15 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората ги оцени своите настапи на стартот од сезоната.
- Ова лето разговарав со тренерот Диего Симеоне. Тоа беше разговор за да се донесе одлука и ме натера да се чувствувам важен. Ова ми требаше. Кога ќе почувствувате доверба од вашиот ментор и соиграчи, сè станува полесно. Се чувствувам најсакано. Тоа се забележува кога играме дома, го забележувам и навистина го ценам. Ќе се бориме за шампионската титула до крајот, изјави Мората за „Marca“.
Триесет и едногодишниот напаѓач одигра 11 натпревари за Атлетико оваа сезона во Примера, постигна седум гола и две асистенции. Во Лигата на шампионите има пет гола и една асистенција на четири натпревари.
Атлетико има освоено 28 бода во 12 кола од националниот шампионат и се наоѓа на четвртото место во поредокот. Лидер е Жирона со 34 бода. зс/
Фото: ЕПА