• понеделник, 23 декември 2024

МОН: Утре почнува аплицирањето за студентски стипендии и достава на документи за продолжување на правото на тековни корисници

МОН: Утре почнува аплицирањето за студентски стипендии и достава на документи за продолжување на правото на тековни корисници
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Од утре започнува пријавувањето за остварување на правото на студентска стипендија, информира Министерството за образование и наука (МОН). Согласно условите и критериумите наведени во конкурсот за академската 2021-2022 година, крајниот рок за аплицирање е 15 октомври. Од Министерството посочуваат дека од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, а студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава - евидентен лист, и ја доставуваат потребната документација во Министерството за образование и наука. - МОН и Владата оваа година одлучија значително да ја променат политиката на стипендирање студенти, со цел да се излезе во пресрет на што повеќе млади, но и да добијат зголемени месечни износи со кои навистина ќе ја почувствуваат поддршката која државата им ја обезбедува во текот на образовниот процес. Па така, за најголем дел од категориите на студентски стипендии, месечните износи се зголемени, некаде и за над 80 отсто, соопштија од Министерството. Дополнително, како што се наведува во соопштението, утре започнува и поднесувањето на документи за продолжување на правото на стипендија стекнато во некоја од изминатите академски години, за што секој корисник кој ги исполнува условите од договорот потпишан со МОН, доставува потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, како докази дека има положено 80 односно 90 отсто,  зависно од типот на стипендија кој го користи од предвидените испити. -Доставата на документите се врши електронски преку http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку студентот нема можност, истите ги доставува хартиено до МОН. Краен рок е 30 октомври 2021 година.МОН обезбедува поддршка при аплицирањето за секој заинтересиран кандидат за студентските стипендии преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк, посочуваат од Министерството.бт/лв/

Остани поврзан