• петок, 05 јули 2024

Модриќ: Освојувањето на првиот трофеј во историјата на хрватската репрезентација ќе биде остварување на сонот

Модриќ: Освојувањето на првиот трофеј во историјата на хрватската репрезентација ќе биде остварување на сонот

Загреб, 15 јуни 2023 (МИА) - Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, изрази надеж дека неговата репрезентација ќе го освои турнирот откако ја совлада Холандија (4:2 по продолженија) во полуфиналето на Лигата на нации.

 

- Победата во финалето ќе биде неверојатно достигнување, но сега е важно правилно да се  подготвиме за натпреварот. Вечер ќе видиме кого ќе добиеме за ривали во финалето. Освојувањето на првиот трофеј во историјата на националниот тим ќе биде остварување на сонот, изјави Модриќ.

 

Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во финалето на Лигата на нации каде ќе игра со победникот од вечерашниот меч меѓу селекциите на Шпанија и Италија (почеток 20:45 часот) . Поразениот тим ќе ги одмери силите со Холандија во мечот за третото место. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан